ФУДБАЛ

ФИФА започна истрага за трансферот на Бруно Фернандеш во Манчестер Јунајтед

По тужбата поднесена од Сампдорија до португалскиот гигант, ФИФА реши да го разгледа случајот и покрена истрага за трансферот на Бруно Фернандеш од Спортинг Лисабон во Манчестер Јунајтед.

Клубот од Џенова го продаде португалскиот играч од средниот ред на Спортинг Лисабон во 2017 година и во моментов бара 10%, или нешто повеќе од четири милиони фунти, од договорот со „црвените ѓаволи“.

Сампдорија тврди дека тоа било една од трансфер-клаузулите на Бруно Фернандеш.

ФИФА преку својот портпарол потврди дека во моментов се води истрага.

– Сампдорија поднесе тужба до ФИФА против португалскиот клуб Спортинг Лисабон во врска со финансиските обврски поставени во договорот, за трансферот на Бруно Фернандеш, соопшти централата.

Португалскиот играч од средниот ред се пресели во Манчестер Јунајтед во текот на зимата за околу 50 милиони евра.