Легендата на Реал Мадрид, Луис Фиго, му простил на својот поранешен тимски колега „Галактико“, Бразилецот Роналдо за коментар што некогаш го кажал за неговата сопруга Хелена Сведин.
Фиго и Роналдо уживаа две и пол сезони заедно во шпанската престолнина во дресот на Реал Мадрид.

Во тоа време, кога беа тимски колеги, популарниот „Феномен“ во една телевизиска емисија даде изјава која гласеше: Да имав сопруга како Фиго, никогаш не би излегол од дома.
Фиго во гостување во една емисија исто така, заедно со неговата сопруга, изјави дека му простил на Роналдо за ова.