ФУДБАЛ

Фиго не му простува: Манчини мe понижуваше во Интер

Познатиот португалски фудбалер Луис Фиго ја заврши својата богата кариера во 2009 година во дресот на Интер.

Фиго освои четири титули со Нероаѕурите од 2005 до 2009 година, но немаше најдобри односи со тогашниот тренер на клубот Роберт Манчини.

Во интервју со Фабио Канаваро, Фиго признал дека бил понижуван од Италијанскиот стручњак.

“Јас на почетокот бев многу добар во Интер, но после тоа имав лоша врска со Манчини. Тој е еден од луѓето кои ме понижуваа најмногу во мојата кариера и страдав во Интер”, рече Фиго, откривајќи што му пречи.

“Немав 20 години, туку 34-35. Имаше ситуации кои не требаше да се случуваат. На 34 години знаете што можете да направите, но некој да ве загрева 90 минути и да играте само три минути не е нормално. Требаше да имате поголема почит. После тоа, нашата врска не беше иста “, рече Фиго.

Португалецот во Интер одигра 138 натпревари во текот на четири години постигна 11 голови.