Португалскиот фудбалер Луис Фиго го шокираше фудбалскиот свет пред 20 години кога реши да ја напушти Барселона и да потпише за најголемиот ривал, Реал Мадрид.
Фиго тогаш беше еден од најдобрите играчи на каталонскиот клуб, а потоа во летото 2000 година направи потег за кој навивачите на Барселона никогаш нема да му простат.
Португалецот реши да потпише за Реал Мадрид како гром од ведро небо, што е без сомнение најголемиот ривал на Барселона. Веднаш беше јасно дека станува збор за предавство кое ги затвори вратите на каталонскиот клуб за сите времиња, но тој не жали.
Во интервју за шпански Спорт, тој рече дека не очекува навивачите на Барселона да имаат толку многу омраза кон него затоа што тој не бил единствениот играч кој ја напушти Барселона за Реал Мадрид.
„Луѓето во Барселона заборавија една работа, а тоа е дека дојдов во тој клуб наместо Лаудруп кој потоа се пресели во Реал Мадрид. Нешто не се сеќавам дека по него фрлаа со стаклени шишиња и свинска глава кога се вратил на „Камп Ноу“. Знаев дека ме чека пекол кога ќе се вратам во Барса, но она што го направија навивачите беше срамно“, рече Фиго.
За прв пат по 20 години, Фиго зборуваше толку искрено за трансферот што ја потресе Европа, но сигурно на навивачите на Барселона нема да му се допадне тој да ги критикува толку многу.
За потсетување, Фиго пристигна во Барселона летото 1995 година од Спортинг за 2,5 милиони евра, а пет години подоцна замина во Реал Мадрид за 60 милиони евра, што беше сума на неговата откупна клаузула во тоа време.