ФУДБАЛ

Фил Фоден доживеа големо разочарување пред финалето на Европското првенство

Англија и Италија утре го играат финалето на Европското првенство на Вембли.

Големиот спектакл пред полните трибини на лондонскиот стадион го привлекува интересот на целиот свет, а во ова финале најверојатно нема да го има ниту младиот напаѓач Фил Фоден.

Напаѓачот на Манчестер Сити, Фил Фоден, може да го пропуштат финалето поради повреда.

21-годишникот го повредил стапалото. Не станува збор за сериозна повреда, но е доволно сериозна за да го спречи да настапи во финалето.

Фактот што се повреди пред финалето секако е разочарувачки за овој млад фудбалер кој очекуваше минути во финалето.

Фоден настапи на три натпревари на Европското првенство и одигра вкупно 159 минути.