ФУДБАЛ

Фил Невил на клупата на Портланд

Американскиот фудбалски прволигаш Портланд го назначи синоќа за нов тренер поранешниот бек на Манчестер јунајтед и англиски репрезентативец Фил Невил.

Американскиот клуб објави дека Невил потпишал договор до крајот на сезоната 2026.

Портланд, кој во 2015 година го освои МЛС купот, ја прекина соработката со Џовани Саваресе во август, со што заврши неговиот петгодишен мандат на тренерското место.

Невил, кој освои шест премиерлигашки титули со Манчестер јунајтед и беше дел од нивната екипа која во 1999 година стана европски првак, тренерската кариера ја почна како селекторот на англиската женска репрезентација. Продолжи на клупата на Интер Мајами од каде замина во јуни за да се приклучи на стручниот штаб на репрезентацијата на Канада.