До крајот на сезоната поранешниот македонски ракометар Филип Миркуловски ќе го води германскиот тим Вецлар, каде што ја заврши кариерата.
-Јас играв за Вецлар осум сезони и знам кој од ракометарите може да даде максимум на теренот. Тоа е голема предност и сметам дека со Јасмин (директор на клубот) ќе ги оправдаме очекувањата“, кажа Миркуловски.
Тимот на Миркуловски е на 16 место и е блиску до опасната зона.
