Филипе Кутињо пристигна од Ливерпул во Барселона во јануари 2018 година.
Бразилецот стана најскапото засилување во историјата на каталонскиот клуб, откако за тоа беа издвоени вкупно 160 милиони евра.
Сепак, Кутињо не покажа добра игра во Барселона, а тоа се одрази на неговата цена, која драматично падна само во последните седум месеци.
Кутињо во јануари оваа година вредеше 140 милиони евра, а сегашната цена е 90 милиони евра, што го прави играч на кој најмногу му падна цената од клубовите во петте најдобри лиги во Европа.
Цената на Бразилецот опадна за дури 37,5 проценти, што доведе меѓу другото, Барселона да се обиде да го продаде, но во моментот нема премногу заинтересирани клубови кои сакаат да го доведат, особено затоа што Каталонците сакаат да добијат 100 милиони евра за него.
Зад Кутињо се наоѓа Марсело од Реал Мадрид, чија цена падна за 45 милиони и Пауло Дибала од Јувентус, чија цена е намалена за 25 милиони.