ФУДБАЛ

Филмската драма се одвива во Париз: Исчезна навивач на Ливерпул

Утре од 21 часот во Париз се игра големото финале во Лигата на шампионите, а на „Паркот на принцовите“ ќе се сретнат Реал Мадрид и Ливерпул.

Голем број симпатизери на двата клуба пристигнаа во француската престолнина за да го доживеат шармот на финалето од Лигата на шампионите, знаејќи дека многу од нив ќе останат без билет.

Утрово, за жал, е пријавено исчезнувањето на 66-годишен навивач на Ливерпул. Исчезнал преку ноќ откако излегол од такси и се упатил кон својот хотел.

 

Џејмс Харгривс, познат како Џими, пиел во бар со својот син и другите пред да се вратат нешто пред 2 часот по полноќ. Неговиот син, исто така наречен Џејмс, вели дека го изгубиле околу 13:40 часот.

 

Тие беа во Cop Bar пред да се преселат во Lush Bar во Rue des Dames. Со објава на Твитер Џејмс рече дека неговиот татко немал мобилен телефон и дека нема поим каде престојуваат.

 

Излезе од таксито на 10 минути од хотелот и исчезна“, рекол неговиот син.

31-годишникот рече дека разговарал со полицијата во Париз и ги проверил баровите во близина. Тој напиша:

 

„Татко ми исчезна. Останавме во Новотол Монтреј Винсен, не можам да го најдам. Секоја помош е добррдојдена, ве молам. Испратете ни порака“.

 

Црвена армија навивачи на Ливерпул почнаа да пристигнуваат во Париз во четвртокот и почнаа да ја впиваат атмосферата во европската метропола.

 

Полицијата потврди дека 6.000 полицајци и жандарми ќе бидат на улиците на француската престолнина во текот на викендот.

 

„Очекуваме да дојдат повеќе од 60.000 навивачи на Ливерпул, а околу две третини ќе останат без билети“, изјави портпаролот на локалната полиција.

 

„Ќе има помалку од Мадрид, но и двете групи навивачи ќе бидат охрабрени да користат фан зони и да ги почитуваат другите кои уживаат во градот овој викенд“, додаде тој.