По натпреварот од португалското првенство помеѓу Бенфика и Фамаликo во неделата вечерта, ограбен е дефанзивецот на домашниот тим Николас Отаменди.
Аргентинскиот репрезентативец бил жртва на насилен грабеж кој се случил во неговата куќа.
Четворицата напаѓачи го фатиле играчот додека се враќал дома во Лисабон, а потоа му ставиле каиш околу вратот, а кога успеале да го имобилизираат, со него отишле во соба каде што биле сопругата и синот кои биле во паника.
Крадците со закани успеале да украдат пари и часовници и разни вредни предмети.
По драмата крадците ја напуштиле куќата, а Отаменди и неговото семејство се пријавиле во полиција која работи на овој случај.
Отаменди е само еден во низата фудбалери на мета на разбојници, иако сите случаи се пријавени во други земји како Италија или Англија.