ФУДБАЛ

Финалето на Копа Либертадорес на Маракана

Стадионот „Маракана“ во Рио де Жанеиро ќе биде домаќин на финалето на Копа Либертадорес оваа сезона, додека одлучувачкиот натпревар од Копа Судамерикана ќе се игра во Монтевидео.

Оваа одлука денеска ја соопшти претседателот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), Алехандро Домингез на социјалните мрежи.

Маракана беше домаќин на финалето на Копа Либертадорес во 2020 година, а овогодинешното финале е закажано за 11 ноември.

Фламенго од Рио де Жанеиро минатата сезона ја освои титулата во елитното јужноамериканско натпреварување.

Одлуката за тоа кој од трите стадиони во Монтевидео ќе биде домаќин на финалето на Копа Судамерикана ќе биде донесена подоцна оваа година. Тој натпревар ќе се одигра на 28 октомври.