ФУДБАЛ

Финалето на Лигата на шампионите ќе се одржи надвор од Европа?

Финалето на Лигата на шампионите во 2024 година може да се одржи во САД. Според некои извештаи, УЕФА започнала разговори за финалето во Њујорк.

Финалето на Лигата на шампионите во УЕФА никогаш не се одржа надвор од Европа.

Тимот кој ги претставува трговските интереси на УЕФА, АФ има за цел Њујорк да биде дестинација на финалето во 2024 година, пишува „ Морнинг Консалтинг“.

Во наредните четири години УЕФА има назначено стадиони каде ќе се одржи финалето.

Во 2020 година финалето ќе се одржи во Турција, на стадионот „Ататурк“, во 2021 година е предвидено да се одржи на стадионот „Санкт Петербург“. Алијанц Арената ќе биде домаќин на финалето во 2022 година, а во 2023 година финалето ќе се одржи на стадионот „Вембли“ во Англија.