ФУДБАЛ

Фиорентина направи вистинско чудо: Реал Мадрид се согласи на неверојатен договор само за да се ослободи од Јовиќ

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ летово ќе го напушти Реал Мадрид и како што стојат работите кариерата ќе ја продолжи во Фиорентина.

Јовиќ пред неколку години пристигна како звучно засилување во Реал Мадрид од Франкфурт, а кралскиот клуб за него одвои дури 60 милиони евра.

Сепак, српскиот напаѓач не успеа да ги оправда очекувањата на „Сантијаго Бернабеу“ и навистина не може да се пофали со некои добри игри во дресот на европскиот шампион.

 

Карло Анчелоти на крајот од сезоната му порача на Јовиќ дека за него е најдобро да најде нов клуб бидејќи е јасно дека не е во прв план на италијанскиот стручњак.

 

Веќе неколку недели се шпекулира дека Јовиќ кариерата ќе ја продолжи во Фиорентина, а како што стојат работите наскоро се очекува и официјална потврда откако клубовите ќе се договорат.

 

Џанлука Ди Марцио најави дека Фиорентина завршила фантастична работа и дека ќе го добие Јовиќ речиси бесплатно. Првично требаше да биде едногодишна позајмица, но Фиорентина успеа да направи промена во тој договор.

Наводно, Јовиќ ќе замине во Фиорентина на двегодишна позајмица и Реал ќе му ја исплати речиси целата плата. По истекот на позајмицата тој нема да се врати во Мадрид бидејќи ќе биде слободен играч и Фиорентина ќе има можност со него да потпише двегодишен договор според кој ќе инкасира 10 милиони евра.

 

Реал Мадрид се согласи на ваква понуда, но под услов да добие 50% отштета од следниот трансфер на Јовиќ и во Фиренца дал зелено светло за таков предлог.

 

Јовиќ за Реал Мадрид одигра 47 натпревари и постигна само три гола. Тој пристигна во клубот летото 2019 година.