Со победата над Фламенго, Ливерпул стигна до првата титула светски шампион во клупската историја. По 120 минути игра, резултатот беше 1-0.
Натпреварот одигран на стадионот Калифа не донесе премногу возбудувања, особено во однос на првото полувреме кога најмногу се играше меѓу двата казнени простори.
Ливерпул многу поангажирани започнаа до второто полувреме. Веќе во 47-та минута, Фирмино погоди статива, а три минути подоцна Салах пропушти добра шанса.
Сепак, јужноамериканскиот шампион не остана без одговор. Во 53. минута Габриел се закани, но Алисон беше на ниво.
Како што се приближуваше крајот, Ливерпул стануваше се подоминантен тим, сепак мрежата на голот на Алвеш мируваше по регуларните 90 минути.
Вистинска драма се виде во судиското надополнување на судијата кога судијата Ал Џасим досуди пенал за Ливерпул, но откако ја виде ВАР снимката, тој ја повлече својата одлука.
Победникот се реши во 99-та минута, а Фирмино е заслужен за тоа.
Look at the ball from Henderson to set Máne through…and then onto Firmino to stay composed and finish!#LFChttps://t.co/tRqGB0rCMW
— Love4 Liverpool FC (@Love4LFC) December 21, 2019
Неколку минути подоцна, европскиот шампион можеше да стигне до вториот гол, но одличниот голман на Фламенго Алвеш ги запре обидите на Ван Дајк и Салах.
Во второто полувреме од продолжението Фламенго се отвори. Во 108-та минута им се заканиа Бразилците преку Габриел, но не беше прецизен. Линколн имаше фантастична можност да го израмни резултатот во 119 минута, но неговиот удар заврши во стативата.
На крајот останаа 1-0, па Ливерпул го достигнаа третиот трофеј годинава по Лигата на шампионите и Европскиот Суперкуп. За тимот од „Енфилд роуд“ ова е прва титула од ова натпреварување во клупската историја.