ФУДБАЛ

Фирмино го „тресе“ Ливерпул, Бразилецот близу до трансфер во шпанскиот гигант

Роберто Фирмино би можел да го напушти Ливерпул на крајот од оваа сезона. Според шпанскиот весник „Дон Балон“, 28-годишниот напаѓач, кој игра во Премиер лигата со „црвените“, доби добра понуда од составот на Барселона.

Каталонскиот состав долго време бара напаѓач за да го наследи Суарез. А, на мета на е напаѓачот на европските шампиони, Фирмино (69 гола на 210 натпревари со Ливерпул).

Сепак, овој трансфер ќе биде тешко да се направи, со оглед дека Роберто Фирмино се смета за клучен играч на Јирген Клоп. Но, пред добра финансиска понуда, сè може да се случи, гледајќи како истото се случи пред скоро две години со Кутињо.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига