Поранешниот играч на Ливерпул беше еден од најпопуларните играчи меѓу навивачите на „црвените“ на „Енфилд“, а како што можете да видите од приложеното видео, истата „судбина“ го чека и во Саудиска Арабија.
The fans are LOVING Firmino in Saudi Arabia 😅🇸🇦
(via @Rabanalsafena) pic.twitter.com/yEj4VFOgTN
— ESPN FC (@ESPNFC) July 7, 2023
Роберто Фирмино потпиша договор со новиот член на саудиската про лига, Ал Ахли, а по неговото пристигнување во Џеда, навивачите на овој клуб буквално го зграпчија сакајќи да го видат одблиску, да го допрат и да се сликаат со него. Пред него Ал Ахли го ангажираше и голманот на Челзи, Едуард Менди. Клубот од Џеда се враќа во елитната лига на Саудиска Арабија. Три пати беше шампион, последен пат во сезоната 2016-2017. Фирмино осум сезони играше за Ливерпул, а претходно играше во Бундес лигата за Хофенхајм и бразилскиот Фигуеренсе.
