ФУДБАЛ

„Фирмино најдобар напаѓач на светот, Алисон најдобар голман“

Бразилската фудбалска легенда Кака зборуваше за успехот на Ливерпул и на бразилските фудбалери кои се наоѓаат во составот на Ливерпул.

Тој ужива во нивниот настап и верува дека тие ќе бидат исто толку успешни со репрезентацијата на Бразил.

„Ливерпул има фантастична сезона. Јас многу ги сакам, бидејќи тие се во форма и играат добро. Убав фудбал за гледање со бројни промени во ставот и шемата. Клоп од друга страна е многу добар тренер, не се плаши од замени и досега добро се снаоѓаше“.

„Бразилците на Ливерпул играа доста добро досега, јас сум горд на тоа што Алисон, Фабињо и Фирмињо добро го сторија тоа. Алисон е најдобриот голман на светот, Фабињо меѓу најдобрите играчи од средниот ред и Фирмињо најдобриот напаѓач. Мислам дека тој и Суарез се најдобри во моментов“.