ФУДБАЛ

Фирмино не е единствениот, бесплатно заминува и Наби Кеита и тоа е само почеток!

Фудбалскиот клуб Ливерпул веројатно ќе го има најбурното лето во модерната историја.

Во петокот се појави веста дека Роберто Фирмино решил да го напушти клубот на лето по истекот на неговиот договор и дека веќе им кажал на тимот и на Јирген Клоп, но тој нема да биде единствениот.

Наби Кеита се уште нема добиено понуда од Ливерпул, ниту пак се воспоставени контакти, па постојат сите шанси и тој да замине кога ќе му истече договорот на 30 јуни.

Кеита веќе подолго време се справува со повреди и не може да се каже дека ги оправда очекувањата, па не изненадува ниту оваа одлука на Ливерпул.

Се погласни се и гласините дека Џејмс Милнер и Окслејд-Чембрлен, чии договори исто така истекуваат на крајот од сезоната, ќе си заминат.

Освен тоа, навивачите се надеваат дека ќе си заминат и Џоел Матип и Џо Гомез, бидејќи оваа сезона покажаа дека повеќе не можат да играат на највисоко ниво.

Нема сомнеж дека не очекуваат големи промени во текот на летниот преоден рок.