ФУДБАЛ

Фирмино се огласи по тешката повреда на окото

Бразилецот Роберто Фирмино здоби повреда на окото на вчерашниот натпревар во кој Ливерпул го совлада Тотенхем со 2.1.

Фирмино беше стрелец на едниот од двата гола за „Редсите“, но доби прст во окото и за малку ќе останеше без око.

Сепак, се помина добро, Фирмино кажа дека и нему сето ова му изгледаше многу страшно, но сега се чувствува подобро.

„Смо изгледаше страшно, се е во ред со окото. И јас сум добро. Фала ви на сите кои ме поддржа, се гледаме наскоро“, напиша Фирмино на својот Инстаграм профил.

Тоа се добри вести за Јирген Клоп, со оглед на тоа колку Фирмино значи за„Редсите“ кои имаат максимално бодови на стартот од сезоната – пет од пет.