ФУДБАЛ

Флик ја коментираше најавата на Хасан за заминувањето на Боатенг: Морам да бидам професионален и да дејствувам

Директорот на Баерн, Хасан Салихамиџиќ, пред натпреварот со ПСЖ објави дека Џером Боатенг нема да остане во клубот.

Договорот на искусниот дефанзивец истекува на крајот на сезоната. Соработката нема да продолжи, а Салихамиџиќ му ја соопшти оваа одлука на Боатенг.

“Тоа беше заедничка одлука на управата на клубот, а тренерот беше вклучен во сè. Му ја објаснив комплетната ситуација на Џером и тој целосно ја разбра одлуката”, изјави Салихамиџиќ.

Новинарите по натпреварот го прашаа тренерот Ханс Флик за најавата на Салихамиџиќ.

Флик не сакаше да одговори на прашањето и истакна дека не сака да одговори на сè што ќе го прашаат затоа што мора да биде професионалец.

“Нема да одговорам на тоа прашање. Морам професионално да одговорам на прашањата, но не можам да ти дадам одговор на сè, и не го сакам тоа. И јас треба да глумам малку. Глумата е дел од тренерската работа“, рече Флик.

Германците тврдат дека ова е продолжение на конфликтот меѓу Флик и Салихамдичиќ, кој трае подолго време и дека на овој начин 58-годишниот стручњак сакал да го предизвика Салихамиџичиќ.

Џером Боатенг по 10 години го напушта клубот на крајот на сезоната, а досега одигра вкупно 355 натпревари.