ФУДБАЛ

Флорентино Перез откри кога Килијан Мбапе ќе дојде во Реал Мадрид

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез „случајно“ во неформален разговор со еден од навивачите рече дека следното лето клубот ќе го донесе Килијан Мбапе.

По натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Виљареал (0:0), навивачот го сретна Перез на улица на излез, и го праша кога ќе го донесе Мбапе, а тој одговори: „Следно лето“.

Медиумите во Шпанија зујат за тоа и се чини дека Перез навистина има намера следното лето да го засили клубот со еден од најдобрите играчи во светот во моментов.

Според мадридскиот весник АС, Реал подготвил шестгодишен договор за Мбапе, кој и онака сакал да дојде во Мадрид, но ПСЖ одби да го продаде.

Сепак, Мбапе упорно ги одбива сите понуди од Париз само затоа што веќе ја донел одлуката да ја продолжи кариерата во Реал.

„Кралевите“ би можеле бесплатно да донесат млада sвезда бидејќи тој е слободен агент од следното лето, така што ПСЖ на кој било начин не може да го спречи да си замине доколку навистина сака.

Во меѓувреме, странските медиуми зујат за незадоволството на Мбапе, кој синоќа откако му ја препушти играта на соиграчот Гуеј на клупата се пожали дека Нејмар не му ја додал топката.

https://twitter.com/i/status/1441891558194831360