Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, покажа дека знае како да ги извлече најдобрите играчи во светот, откако во претходните години донел одлични легенди за Сантијаго Бернабе.
Се започна пред повеќе од десет години кога Перез го создаде тимот Галактикос и донесе некои неверојатни играчи. Тогаш за Кралевитее играа Зидан, Фиго, Роналдо, Бекам, Робињо и многу други, а тимот инвестираше огромни пари.
Во претходните години, Перез малки подзастана, а тоа е бидејќи сега и другите клубови имаат можност да им понудат големи пари на играчите со кои го привлекуваат.
Перез, во претседателската позиција на Реал, покажа дека е одличен господар за трансфери и досега направи многу од нив. Но, некако успеа да дознае, меѓу другото, кој играч беше најдобро засилување што успеа да го донесе во Реал.
„Донесов многу големи фудбалери во Реал Мадрид, но Кристијано Роналдо е најдобриот играч за овој клуб. Тој минатото лето изјави дека сака нов предизвик во кариерата и затоа замина. Тој никогаш не направи никакви проблеми и излеговме во пресрет кон него бидејќи тој го заслужил тоа. Тој ќе биде запаметен како најдобар играч во историјата на Реал Мадрид“, рече Перез.