Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е позитивен на коронавирусот.
Кралскиот клуб денес потврди дека Перез е позитивен на коронавирус и дека е во изолација.
Овој 73-годишник нема симптоми и се чувствува добро, што ги израдува навивачите на Реал Мадрид.
Многумина беа загрижени за Перез поради неговата возраст, но се чини дека претседателот на Реал Мадрид нема да има толку многу проблеми.
Comunicado Oficial#RealMadrid
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) February 2, 2021