ФУДБАЛ

Флорентино Перез реагира веднаш по понижувањето: Покрај Мбапе, во Реал доаѓа уште една ѕвезда

Реал Мадрид во неделата вечерта претрпе многу тежок пораз од Барселона на Сантијаго Бернабеу. Каталонците победија со 4-0, што доведе до реакција на претседателот на Реал, Флорентино Перез.

За Реал ќе биде тешко да заборави што синоќа му направи тимот на Чави, а претседателот на клубот сака да ги смири незадоволните навивачи со нови големи засилувања.

Веќе стана познато дека Килијан Мбапе е на прагот да потпише за Реал Мадрид ова лето како слободен играч, но 23-годишниот Французин од ПСЖ нема да биде единствената суперѕвезда што ќе пристигне во Мадрид на крајот од сезоната.

И Перез сака да ја засили одбраната, иако првично заминувањата на Серхио Рамос и Рафзаел Варан не влијаеше претерано на игрите и резултатите на клубот, до синоќа. Жил Кунде, 23-годишниот дефанзивец кој го бара Челзи, е најновата цел на Реал.

Откако пропадна планот да го доведе Антонио Рудигер од Челзи, Кунде е најновата цел на Перез. Карло Анчелоти побара доведување на 23-годишниот француски дефанзивец, кој има огромен потенцијал.

На Реал Мадрид му треба нова ѕвезда во одбраната, а Перез е убеден дека фудбалерот на Севиља ќе биде совршена замена за Варан, чие заминување не е целосно надополнето, пишува Еуроспорт.

Кунде оваа сезона за Севиља одигра 35 натпревари во сите натпреварувања и има еден гол и една асистенција.