Искусниот бразилски играч за врска Фелипе Мело денеска и официјално стана член на Флуминенсе.
Бразилскиот великан штотуку објави дека потпишал договор со Мело, кој минатата сезона настапуваше за Палмеирас.
Тој потпиша договор до декември 2023 година, а овој 38-годишник доаѓа со големо искуство. Тој ќе го носи дресот со број 52 во чест на 70-годишнината од светската титула во Рио во 1952 година.
„Никогаш нема да ми недостига посветеност и желба и тоа сега можам да им го ветам на навивачите на Флуминенсе, а дресот на овој клуб за мене ќе биде како моја кожа. Тоа е најмалку што можам да направам за овој голем клуб“, изјави Мело.
Felipe Melo é do Flu! pic.twitter.com/RoDzJZn6JI
— Doentes por Futebol ⚽ (@DoentesPFutebol) December 13, 2021
Мело има освоено две титули во Либертадорес, две бразилски првенства, два Купа, има трофеј со бразилската репрезентација, а беше и шампион на Турција со Галатасарај.
Во својата кариера настапуваше и за Фламенго, Крузеиро, Гремио, Мајорка, Расинг, Алмерија, Фиорентина, Јувентус, Интер …