Португалскиот стручњак моментално се наоѓа на погрешно место во погрешно време.
Поранешниот тренр на Рома, Пауло Фонсека се наоѓа во Киев, од каде денеска испрати драматична и по малку застрашувачка порака.
„Пет последователни експлозии ме разбудија во пет часот наутро. Имав планиран лет за денеска, но невозможно е да излезам бидејќи аеродромите се уништени, а воздушниот сообраќај е затворен“, рече Фонсека.
„Патиштата се целосно блокирани. Редиците се огромни, сите се упатија кон супермаркетите и не остана многу храна. Бензинот веќе го нема.
„Се што треба да направам е да се молам бомба да не падне врз нас. Навистина не знам како да излезам одовде. Ова е најлошиот ден во мојот живот“, изјави Фонсека.
Инаку, Фонеска е без работа, а неговото семејство е во Киев заедно со него.