Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо е најплатениот спортист во светот, откако потпиша договор со судискиот клуб Ал Наср, објави магазинот Форбс.
Роналдо во претходните 12 месеци заработил 136 милиони долари и за прв пат од 2017 година е најплатен спортист во светот, објави Би-Би-Си.
Договорот на 38-годишниот Португалец наводно вреди повеќе од 200 милиони евра годишно. Втор на листата на Форбс е фудбалерот на Пари Сен Жермен, Лионел Меси, кој во последната година заработи 130 милиони евра.
Неговиот соиграч Килијан Мбапе е трет со заработени 120 милиони долари, четврти е кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс Леброн Џејмс со 119,5 милиони долари, а петти е боксерот Канело Алварез со 110 милиони долари.
Голферите Дастин Џонсон и Фил Микелсон го заземаат петтото и шестото место со 107, односно 106 милиони долари, а кошаркарот на Голден Стејт Стивен Кари е осми со 100,4 милиони долари.
Легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер е единствениот пензиониран спортист на листата, тој е деветти со 95,1 милиони долари. Се пензионираше минатиот септември.
Кошаркарот на Феникс, Кевин Дурент е 10-ти со 89,1 милиони долари, кои ги заработи минатата година.
Cristiano Ronaldo became the world's highest-paid athlete after his move to Al-Nassr nearly doubled his annual salary, according to Forbes 💰 pic.twitter.com/wSQDCTXwdp
— ESPN FC (@ESPNFC) May 3, 2023
