Познати се четирите репрезентации кои ќе се борат за медалите на Европското првенство за ракометарки што се одржува во Франција. Тоа се Русија, Романија, Франција и Холандија.
Вчера беа одиграни натпреварите од последната рунда во двете групи од втората фаза. Постигнати резултати:
Данска – Црна Гора 24:23
Шпанија – Норвешка 26:33
Унгарија – Романија 31:29
Шведска – Русија 39:30
Холандија – Германија 27:21
Србија – Франција 28:38.
Двојки за полуфиналето:
Русија – Романија
Холандија – Франција.
Овие две средби како и дуелот за петтата позиција меѓу Шведска и Норвешка ќе се играат утре, додека финалните мечеви кои ќе одлучуваат за медали се закажани за в недела.