Европското првенство се игра следното лето, а за да се прослави 60-годишнината од турнирот, ќе се играат натпревари во повеќе земји и градови.
Бидејќи следното европско полека и сигурно се приближува, време е да ја претставиме топката што ќе се користи за натпреварите од претстојното првенство на најдобрите европски тимови.
Денес, Адидас официјално ја претстави топката специјално дизајнирана за претстојниот шампионат на Стариот континент.
Тоа е модел наречен „Унифорија“, во чест на единството и еуфоријата предизвикана од фудбалот. Од „адидас“ велат дека оваа топка ја слави заедницата што ќе го возбуди Европското првенство ширум континентот.
Дизајнот на „Унифорија“ треба да рефлектира спојување и преминување на границите низ цела Европа. Потсетете се дека натпреварите во Евро 2020 ќе се играат во 12 града и тоа во: Лондон, Глазгов, Даблин, Билбао, Амстердам, Копенхаген, Санкт Петербург, Минхен, Рим, Будимпешта, Букурешт и Баку.
GPS координатите на секој град се „вградени“ во интересниот дизајн на новата топката.
Кога станува збор за технологијата, „Униофрија“ беше направена со скоро исти спецификации како моделот што се користи за играње на последниот Мундијал.



