ФУДБАЛ

ФОТО: Американскиот кечер Ренди Ортон ја изненади јавноста со разголените фотографии со сопругата

Американските кечери се планетарно популарни, а секако еден од најпопуларните во овој спорт е Ренди Ортон.

Ортон со години е член на WWE и е дел од генерацијата која го крена светот на кечерите на ново ниво. Овој спорт стана неверојатно популарен низ целиот свет во претходните години.

За многумина, Ортон е еден од најомилените кечери, а неговите потези мора да ги пробале многумина дома. Но, овој пат Ортон се најде во јавноста од поинаква причина.

Имено, тој и неговата сопруга Ким објавија неколку фотографии на Инстаграм кои предизвикаа разни коментари. Овој 40-годишник позираше со сопругата и со рацете ги криеше градите од окото на јавноста.

Во својата објава, Ортон рече дека Ким целосно го сменила и дека е подобар човек заради неа. Тој покажа колку ја сака, но многумина сметаа дека фотографиите што тој ги објави се малку премногу.

https://www.instagram.com/p/CCJtO2nAPgk/?utm_source=ig_embed