Славниот англиски фудбалер Алан Ширер го состави најдобриот тим на Премиер лигата, во изминатата деценија, во кој се најдоа дури пет првотимци на Манчестер Сити. Но, интересно е што немаше место за ниту еден фудбалер на Ливерпул, како што се Стивен Жерард на пример.

Според Ширер најдобриот тим е: Чех – Тери, Компани, Ивановиќ-Де Брујн, Канте, Јаја Туре, Давид Силва-Агуеро, Азар и Руни. За тренер Ширер го одбра Пеп Гвардиола.