Атлетико Мадрид вчера беше поразен пред своја публика на градското дерби од Реал Мадрид со 1:3.
„Кралскиот“ клуб дојде до важна победа против градскиот ревал со што се вратиа во борба за шампион на Шпанија. Меѓутоа ниту оваа средба не можеше да помине без скандал, а за тоа заслужни се Атлетико Мадрид.
Имено, после натпреварот овој шпански клуб на својата Facebook страна ги објави спорните моменти каде веруват дека се оштетени. Во Атлетико сигурни се дека немаше офсајд кога Мората израмни на 2:2 и Реал не требаше да добие пенал затоа што прекршокот беше надвор од казнениот простор.
Третата фотографија која е објавена исто така е кога резултатот беше 1:2 за Реал, кога Алваро Мората падна во петерецот на гостите. Тогаш домашните бараа пенал, но после ВАР судијата одмавна со раката. Но, во атлетико веруваат дека ова беше чист пенал за нив.
https://www.facebook.com/AtleticodeMadrid/posts/10157009915442389