Барселона со 2:0 славеше во Торино во третото коло од ЛШ против Јувентус. Се чини дека премногу лесно Каталонците победија, но очигледно беше отсуството на најдобрите во италијанскиот тим како што се Кристијано Роналдо, Џорџо Кјелини и Матијас де Лихт.
По мечот на Твитер налогот на Барселона беше објавена фотографија од Лионел Меси со текст:
-Мило ни е што имавте можност да го видите ГОАТ ( со знакче од коза, но сепак тоа е кратенка за Најдобар на сите времиња) на својот терен.

Секако ова беше упатено до Јувентус, чии администратори не останаа покуси.
-Најверојатно сте погледнале во погрешен речник. Ќе ви донесеме вистински на Камп Ноу, стоеше во коментарот од официјалниот профил на Јувентус. Секако, се мисли на Кристијано Роналдо кој ќе биде подготвен за реваншот. На мечот во Торино не настапи поради нов позитивен тест на Ковид 19.
Вториот меч на „Камп Ноу“ се угра на 8-ми декември.