Целиот свет плаче по Диего Армандо Марадона кој почина во средата од срцев удар. Многумина му одадоа или одаваат почест. Еден од нив е и Бразилецот, Ренато Портралупи, тренер на Гремио. Тој целиот меч го водеше од клупата со дрес на Марадона против Гуарани. Неговиот тим славеше со 2:0 во осминафиналето од Копа Либертадорес.