Серхио Агуеро е еден од оние кои поминуваат во изолација.
Ако не беше така, можеби немаше немаше да дознаеме како изгледа неговата дневна соба.
Тој на социјалните медиуми објави една фотографија на која се гледа како лежи со кучето и ужива да гледа телевизија.
Во оваа прилика, многумина забележаа дека Агуеро е всушност опседнат со самиот себе. На ѕидот и комодата има само негови фотографии, принанија и награди.
Имавме можност да видиме многу куќи и станови од фудбалерите, но вакво нешто ретко се гледа.
Агуеро очигледно е многу горд на себе, и треба да биде, со оглед на сè што направи во кариерата.
