Данскиот ракометар Расмус Бојсен стана познат во светот на ракометот откако во време на коронакризата почна да објавува интересни состави. Тој одлучи да го состави и идеалниот тим на Македонија од 2000-та година па наваму, односно во последните 20 години.

Селекторското место му припадна на Звонко Шундовски, кој навистина го постигна најголемиот успех со репрезентацијата, и тоа петто место на ЕП во Србија. Во идеалниот тим се Борко Ристовски, Ацо Јоноски, Наумче Мојсоски, Филип Миркуловски, Кире Лазаров, Столе Стоилов, Стевче Алушовски и Гоце Георгиевски.
Секако, ова не мора да значи дека навистина е најдоброто од Македонија во изминатите 20 години, но секако интересен избор на Бојсен.