Оние кои што следат Премиер лига сигурно се сеќаваат на Шпанецот, Мичиу. Во сезоната 2012/2013 беше вистинско чудо. Во дресот на Свонси едноставно „експлодираше“, таа сезона постигна 22 голови на 43 меча во сите конкуренции и го предводеше тимот до трофеј во Лигата купот, иако претходно за само 2 милиони евра од Рајо Ваљекано пристигна во дресот на „Лебедите“.
Стигна и да дебитира за Шпанија.
Сепак, следната сезона се „загуби“. Следуваше позајмица во Наполи, но таму уште повќе „потона“. Па неговата слава кусо траеше.
Сепак, на него се сети новото чудо Ерлинг Халанд, кој рече дека токму Мичу му е инспирација.
Поради тоа овој одлучи да му испрати дрес со посвета. Мичу благодарејќи на 19-годишниот Халанд повторно ги полни насловните страници на спортските весници.
Wow what a legend!! #Nice2Michu https://t.co/Ryn0vEk4tf
— Erling Haaland (@ErlingHaaland) February 24, 2020
Streets will never forget @Michuoviedo https://t.co/2LFfgb1YRQ
— Erling Haaland (@ErlingHaaland) February 24, 2020