Славната сала „Пионир“ во Белград која била домаќин на многу натпревари од кошарката, на чиј паркет истрчале големи звучни имиња, сега е претворена во импровизирана болница.
Во соседна Србија има 1117 заразени лица од Ковид-19 и 31 смртен случај. Србија во наредните две недели се подготвува за пикот, односно следните две недели како што велат властите се најкритични.
Поради тоа салата е претворена во болница за да може да ги прими сите заболени пациенти.
A mi pricamo o sportu !?!?!? ? https://t.co/xrd0nYSKTk
— Vanja Marinkovic (@vanjam32) April 2, 2020