Кристијано Роналдо пред Нова година во Дубаи ја доби наградата „фудбалер на векот“ иако од овој век поминаа само 20 години. „Globe Soccer Awards“ го знаат тоа и порачаа дека наградата се однесува само на првите 20 години од овој век. Тој таму беше и со девојката Георгина и најстариот син.
Сепак, очигледно е дека тој и синот се вратија, а Георгина останала да ужива во убавините на Дубаи. Па, така таа вчера се прости од Дубаи со фотографија која привлече илјадници лајкови.