Додека неговите колеги од Тотенхем се во карантин поради коронавирусот, Сон Хеунг Мин носи целосна воена опрема. Пушка, воено одело, поточно униформа, но тука е и заштитна маска против вирусот. Фудбалерот на Тотенхем одлучи да ја искористи паузата во фудбалот поради коронавирусот да го отслужи воениот рок. Во Јужна Кореја тој е задолжителен за секој полнолетен маж, а неговиот воен рок беше одложен поради успесите кои ги има на фудбалски план.
