ФУДБАЛ

ФОТО: Дресовите на Барселона за новата сезона ја оставија фудбалската јавност без зборови

Клубовите во Шпанија неделава започнаа со заеднички тренинзи, по скоро двомесечен прекин.

Ситуацијата со коронавирусот се смирува и се очекува Ла Лига да може да продолжи на почетокот на следниот месец. Клубовите се подготвуваат за нови предизвици и враќање во секојдневниот живот.

Исто така, клубовите веќе размислуваат за следната сезона, за која мора да бидат подготвени, и покрај неочекуваниот пресврт поради пандемијата на коронавирус.

Во последно време се појавуваат многу дизајни за дресовите на европските клубови за новата сезона, а дел од нив се најдоа во центарот на вниманието.

Главна тема на навивачите на Барселона е дизајнирањето на три дресови за новата сезона што се појавија на социјалните мрежи. Тие ги воодушевија љубителите на каталонскиот клуб, но сè уште нема потврда дека ќе бидат официјални дресови за новата сезона.

Како и да е, мора да се признае дека овие три сета изгледаат навистина одлично и дека на фановите им враќаат неколку убави спомени од минатото.

 

 

ПОВРЗАНО

Ла Лига