ФУДБАЛ

ФОТО: Еве како ќе изгледа новиот Сантијаго Бернабеу

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, неодамна призна дека сериозно размислува за тоа да го реновира Сантијаго Бернабеу и стадионот на кралскиот клуб да изгледа сосема поинаку.

Од кралскиот клуб денеска потврдиа дека сериозно размислуваат за реновирање на стадионот, а конечниот проект на плановите би требало да биде познат до крајот на годината.

Во Реал Мадрид сега чекаат дозвола за почеток на работата, но истоа така работат и на пронаоѓањето на нови партнери и спонзори кои ќе вложат парични средства за новиот стадион.

Планот за реновирање првобитно беше претставен во 2014. година, но идејата никогаш не добила зелено светло. Сепак, сега во Реал се подготвени да го реновираат својот стадион, а сето ова би требало да ги чини околу 400 милиони евра.

Главна цел е од надворешната страна е да им дадат потполно нов изглед, но и кровот ќе биде приказна самата по себе.