Репрезентацијата на Франција по втор пат стана светски шампион.
По 1998. година кога ја освоија титулата пред својата публика, Русија ова лето им беше и тоа како среќна и стигнаа до нов наслов на најдобра фудбалска репрезентација во светот.
„Nike“ ја искористи поврзаноста на годината на освојувањето на првата титула и роденденот на француската ѕвезда Килијан Мбапе за во неговиот роден град Бондиј да направи навистина фантастична реклама.
Во овој дел на Париз, на зграда е поставен транспарент со ликот на Мбапе на кој пишува:
„1998. година беше голема за францускиот фудбал. Килијан е роден“.
Еве како изгледа тоа.
