ТАЈМАУТ

ФОТО: Фотографија која зборува повеќе од илјада зборови

Мајкл Џордан го сметаат повеќето љубители на кошарката за најдобар на сите времиња.

Прекрасниот кошаркар беше апсолутна икона во 90-тите години, а момчињата кои пораснаа во тоа време, го посакуваа неговиот постер.

Од друга страна, во тој период еквивалент на Џордан во светот на фудбалот беше Бразилецот Роналдо. Ниту еден човек не остана рамнодушен кон овој фудбалски генијалец и за многумина е еден од најголемите фудбалери на сите времиња.

Статусот на најголем сигурно ќе го достигнеше доколку не претрпеше сериозни повреди на двете колена, но многумина сè уште се сеќаваат на неговите нереални натпревари.

Затоа оваа фотографија зборува повеќе од 1000 зборови …

https://www.instagram.com/p/B_s6Z-hFOkN/?utm_source=ig_embed