Коронавирусот го „замрзна“ поголемиот дел од Италија. Не работат училишта, забранети се јавни собири, улиците се повеќе се празнат, а донесена е одлука фудбалот да оди на пауза до 3-ти април. Последниот меч се одигра вечерва помеѓу Сасуоло и Бреша, а славеа домаќините со 3:0.
Два голови беа дело на Капуто, кој можноста ја искористи кон камерите да покаже лист на кој пишуваше: Се ќе биде добро, останете во своите домови.
Јасно е дека неговата порака е поврзана со коронавирусот и со она што се случува во Италија.