Отворени се 33.Олимписки игри во Токио. Тие се одржуваат оваа година, со една година одложување поради пандемијата со коронавирусот. Овие ОИ ќе бидат со многу ограничувања и правила, пред се во намерата на спречување на ширење на вирусот. Сепак, за нас е најважно дека се вееше македонското знаме и дека Македонија ќе учествува со осум олимпијци. На чело на колоната како знаменосци беа Дејан Георгиевски и Арбреша Реџепи, која по пет направени тестови, кои беа негативни и по притисокот на МОК врз ИОК доби дозвола да се појави на дефилето на отворањето на Игрите.
Македонската експедиција ќе има осум натпреварувачи:
Знаменосецот Дејан Георгиевски, кој ќе настапи во таеквондо – категоријата +80 килограми
Арбреша Реџепи – џудо категорија 52 килограми
Миа Блажевска Еминова – пливање, на трката на 100 метри
Филип Деркоски – пливање, 400 метри
Борјан Бранковски – спортско стрелаштво 10 метри
Јованоска Пулексенија – карате, кати
Стојоски Јован – атлетика, трка на 400 метри
Нуров Магомедгаджи – борење слободен стил, 97 килограми.
На Олимпијадата која ќе трае до 8 август се очекува да учествуваат приближно 12.500.
