Свршеницата на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез продолжува да ги фасцинира фановите на Инстаграм.
Георгина има скоро девет милиони следбеници на оваа друштвена врежа, а фановите едвај ја чекаат секоја нејзина нова фотографија.
Последната ја објавила од Дубаи со марама на главата, а во опис им се заблагодари на домаќините кои очигледно добро ги угостиле неа и Кристијано за новогодишните празници.
Набрзо потоа следеа неколку илјади коментари, а доказ за тоа колку нејзините фанови се „маѓепсани“ од нејзиниот изглед е тоа дека најмногу се користи таканареченото збунето смајли.
https://www.instagram.com/p/BsMLvInAMtq/?utm_source=ig_embed