ФУДБАЛ

ФОТО: Голманот на Манчестер Јунајтед претрпе тешка сообраќајна несреќа

Голманот на Манчестер Јунајтед, Серхио Ромеро доживеа несреќа со неговиот спортски автомобил вреден 170 000 фунти во близина на тренинг-комплексот на клубот.

Ромеро, кој е втор голман зад Де Геа, беше фотографиран утрово како стои покрај неговиот автомобил, Ламборџини, на страната на патот во близина на комплексот Карингтон.

Автомобилот се чини дека претрпел сериозни оштетувања откако ја преминал страничната бариера на патот.

Манчестер јунајтед потврди дека играчот не е повреден.

32-годишниот играч игра на „Олд Трафорд“ од 2015 година и бранеше на девет средби во сите натпреварувања оваа сезона.

Аргентинецот исто така беше на клупата во поразот од 2:0 од Ливерпул на „Енфилд“.