Фудбалерот на хрватската репрезентација Тин Једвај се пофали со новата тетоважа после освоеното сребро на Мундијалот.
Тој пред сите решил да го овековечи овој голем подвиг, и покрај тоа што имаше мал допринос затоа што играше само еден натпревар во групната фаза против Исланд, кога веќе беше загарантиран пласманот во следната фаза и Златко Далиќ на теренот ги испрати резервите.
Потоа отиде на одмор со неговата девојка и се пофали со новата тетоважа, што не донесе одушевување кај многу навивачи.
На хрватските портали доминираа коментарите дека неговиот татко е голем пријател со Шукер и Мамиќ и дека овој фудбалер не заслужи да биде повикан, а беше и иронично поради бројот на одиграни натпревари…
Сепак, тешко дека Тин ќе се занимава со коментарите, го овековечи датумот и печатот од пасошот затоа што, сепак беше дел од големиот тим, па макар и како резерва.