Се очекува на денешниот меч со Сампдорија Златан Ибрахимовиќ да дебитира. Натпреварот започна во 15 часот, но шведскиот интернационалец првите 45.минути ги преседе на клупата. Резултатот е почетниот, без голови.
Сепак, од страна на тимот Милан имаше топло добредојде пред мечот и тоа на големиот видео бим на „Сан Сиро“.
Златан Ибрахимовиќ потпиша шестмесечен договор со Милан, со можност соработката да биде продолжена за уште една сезона.